Образование, социјална и здравствена заштита

ОБРАЗОВАНИЕ ПРИЛАГОДЕНО НА ПОТРЕБИТЕ НА ЕКОНОМСКИОТ РАЗВОЈ, ЕФИКАСНА СОЦИЈАЛНА И ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО РЕГИОНОТ И СОЗДАВАЊЕ УСЛОВИ ЗА ЗАПИРАЊЕ НА МИГРАЦИЈАТА

 

Приоритет 2.1 - Квалитетно образование, прилагодено на потребите на бизнисот, структурирањето на CCO, според барањата на пазарот на трудот

Мерка 2.1.1 - Промоција на предностите на стручно средно/ високо образование

Мерка 2.1.2 - Создавање услови за отварање паралелки за стручно образование и на високообразовни институции согласно потребите на пазарот на трудот низ целиот Регион

Мерка 2.1.3 - Промовирање на успешни бизнисмени кои завршиле средни стручни училишта и факултети

 

Приоритет 2.2 - Спречување на одливот на стручниот кадар од терцијарни дејности преку поттикнување поголема родова рамноправност и можност за вклучување во пазарот на трудот на граѓани од ранливите категории

Мерка 2.2.1 - Промоција и поддршка на иницијативи за создавање подобри услови за работа и напредок во мали и рурални средини

Мерка 2.2.2 - Вклучување на локалниот образован и експертски кадар во планирање и креирање на развојните перспективи во својот Регион и својата средина

Мерка 2.2.3 - Подигнување на свеста за родова еднаквост и потребата од вклучување на пазарот на трудот на жената и претставниците од ранливите категории

 

Приоритет 2.3 - Подобрување на опфатеноста на семејствата со потреби од социјални програми, поголема опфатеност на деца од предучилишна возраст од рурални средини во градинки, како и усогласување на програмите за заштита на стари лица

Мерка 2.3.1 - Зголемен опфат на семејства и поединци кои имаат потреба од социјална заштита

Мерка 2.3.2 - Подобрување на опфатеноста на децата од предучилишна возраст во детските градинки, особено во руралните средини

Мерка 2.3.3 - Прилагодување на програмите за заштита на стари и изнемоштени лица  во Регионот и развој на мрежа за здравстена заштита согласно демографските карактеристики на Регионот

 

 


© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион