Состанок со невладини организации од регионот

Центарот за развој на Југозападен плански регион (ЦРЈЗПР), за унапредување на соработката меѓу ЦРЈЗПР и граѓанскиот сектор преку градење на меѓусебниот партнерски однос, организираше три состаноци на три микро региони (на 2 Ноември во  Дебар, на 3 ноември во Кичево и на 4 ноември во Струга) со НВО од 13 општини кои ги покрива овој регион. Поканети беа НВО кои се активни и работат во насока на екологијата и животната средина, социјална заштита, економија и одржлив развој, туризам, култура и рурален развој.

 

NGO1.gif NGO3
NGO2 NGO4

 

Целта на овие состаноци беше да се информират НВО за целта на регионалниот развој, подобрување на соработката меѓу различните чинители за регионалниот развој со  граѓанскиот сектор и  подобрувањето на комуникацијата и искористувањето на сите можности кои се пружат во Југозападниот регион.

Препораките што произлегоa од овие состанoци беа: подигнување на капацитетите на НВО за искористување на ИПА фондовите, лобирање до општините за обезбедување на финансиски средства кои би ги искористиле за коофинанцрање во прекугранични проекти, вмрежување на НВО и др.

 

Препораките кои произлегои во состаноците со НВО претставуваат одраз на почитувањето на високите вредности  и можности на граѓанскиот сектор кои можат да придонесат во регионалниот развој, како и поддршка на транспарентноста во работењето на ЦРЈЗПР.

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион