Подготовка на техничка документација за патна инфраструктура во ЈЗПР

Цели на проектот

Патната мрежа во Југозападниот регион е недоразивена, постојната состојба на дел од патните правци во целиот регион е во релативно лоша состојба, пред се, еден дел поради оштетените коловозни површини и ги немаат соодветните технички елементи а другиот дел поради немање на локални патишта кои ќе ги поврзат подобро општините во регионот.

Проектот ќе има дирекно влијание врз три компоненти:

- економски раст

- подобрување на туристичката патна инфраструктура

- еколошката компонента

Резултати

-Подобрување на патната инфраструктура и намалување на трошоците за гориво  преку  припрема на техничка документација за патишта со вкупна должина од 33 км во 6 општини од Југозападниот регион;

-Подобрување на патната инфраструктура и зголемување на можностите за рурален развој преку подготовка на техничка документација за нови патишта во руралните средини;

-Збогатување на туристичката понуда во ЈЗПР преку подготовка на техничка документација за изградба на патишта кои водат до атрактивни места.

 

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион