Изработка на урбанистички планови за населени места-села

Цели на проектот Партнери во проектот се општините Струга, Центар Жупа и Дебрца за кои се изработуваат урбанистички планови за села - во осум населени места, со вкупна површина од 491ха. Во текот на 2016 година изработени се геодетски елаборати и ажурирани геодетски подлоги. Исто така, во Агенцијата за катастар на недвиќности извршена е заверка на плановите за општина Дебрца - УПС Требеништа, УПС Оровник, УПС Горенци, за општина Струга - УПС Лабуништа, УПС Калишта, и за општина Центар Жупа - УПС Баланци иУПС Житинени. Проектот се финансирапреку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година, преку мерката 322 - Обнова и развој на селата.
Резултати

-Организирани 3 работни средби со претставници од општините-партнери;

-Изработени се геодетски елаборати и ажурирани геодетски подлоги за 491 ха;

-Заверени во Агенцијата за катастар на недвижности 3 УПС за општина Дебрца;

-Заверени во Агенцијата за катастар на недвижности 2 УПС за општина Струга;

- Заверени во Агенцијата за катастар на недвижности 2 УПС за општина Центар Жупа.

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион