Развивање на капацитети за претприемништво

Цели на проектот Бизнис центарот за поддршка и консултативни услуги за МСП секторот во Југозападниот плански регион изработи Регионална Програма и Акциски план за развој и поддршка на бизнис заедницата. Во неа еден од утврдените приоритети е промоција и поддршка за претприемништвото во Југозападниот плански регион, со посебен акцент на женското претприемништво. Со цел да се поттикнат невработените жени од Регионот да започнатсопствен бизнис беа организирани две петдневни обуки, кои успешно ги завршија 41 жени од Кичевскиот и Струшкиот микро-регион. Како финална активност беше организирана свечена церемонија со доделување на сертификати на сите учеснички, а беше извршено и претставување на најуспешните бизнис идеи. Активноста е дел од проектот "Иновативни решенија за подобар пристап до услуги на локално ниво", финансиран од МЛС и УНДП.
Резултати

-Успешно реализирани 2 пет-дневни обуки;

-41 учесничка успешноги завршија обуките за претприемништво;

-Организирана една свечена церемонија за доделување сертификати;

-Изготвен прирачник за претприемништво и извршена дистрибуција до учесничките.

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион