Регионална стратегија за иновации

Цели на проектот

Стратегијата ја изработи експертски тим со цел да се поттикне и зголеми иновативноста во Регионот. Кључниот фокус е насочен кон зголемување на конкурентноста на локалните и регионалните мали и средни претпријатија, во насока на градење на економијата базирана на знаење. Акцент е ставен и врз јакнењето на врските и соработката меѓу истражувачките центри, бизнисот, администрацијата и невладиниот сектор. Во рамките на Стратегијата е изработен и тригодишен Акциски план за периодот 2017-2020 во кој што се дефинирани конкретни прокетни активности.

Стратегијата е изработена како дел од проектот "Проширување на функциите на Центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности/услуги за поддршка на приватниот сектор", финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и ГИЗ ЛЕИВВ+ Програмата.



Резултати

-Анализирани 13 стратешки документи

-Организирани 2 консултативни средби со 45 претставници од засегнатите страни

-Направени 3 консултативни посети во општините

-Испратени 300 прашалници, пополнети и анализирани 36 прашалници

-Изработена Регионална стратегија за иновации

-Изработен Акциски план

 

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион