Регистар на потенцијалите за развој на руралниот туризам

Цели

Регистарот на потенцијалите за развој на руралниот туризам во Југозападниот плански регион содржи две-основни категории на податоци: Постоечка статистичка база поврзана со туристичкиот профил на руралните општини и на руралните подрачја на урбаните општини (население, објекти и локалитети за туризам и рекреација, човечки ресурси ангажирани во секторот туризам транспорт, обрт во туризмот, додадена вредност и работни места) и Туристички атракции (локалитетисо природни вредности, заштитени подрачја, атрактивно културно наследство, фестивали и настани, локалитети за рекреација, инфорамции за локалната традиција, постоечки туристички тури).

Регистарот е креиран согласно ФАС методологијата на Светската туристичка организација (WTO), која подразбира анализа на дестинацијата преку заедничка евалуација на сите под-системи и клучни елементи на дестинацијата. Изготвен е и Акциски план за период од три години, и во истиот се поместени 66 приоритизирани локалитети по општини за кои се проектирани активности што треба да се превземат од страна на ЕЛС во следниот период. Регистарот е дел од проектот "Иновативни пешенија за подобар пристап до услуги на локално ниво", финансиран од МЛС и УНДП.

Резултати

-Изработен Регистар на потенцијалите за развој на руралниот туризам во ЈЗПР во три јазични верзии (македонска, албанска, англиска)

-Акциски план за три години

-Приоритизирани 66 туристички локалитети во сите општини

-Извршена презентација на регистарот пред засегнатите страни

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион