Подигнување на енергетската ефикасност и кристењето на обновливите извори на енергија во пограничниот регион


 


Цели на проектот

Основните цели на проектот се поврзани со дефинирање и зголемување на употребата на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност во прекуграничниот регион што го покриваат, од една страна, Југозападниот плански регион, од Република Македонија и, од друга страна, Регионот на Корча во Република Албанија. Проектот е финансиран од Европската Унија како дел од ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија. Водечки партнер на проектот е "Центарот за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ" во партнерство со "Центарот за развој на Југозападниот плански регион" од Република Македонија и "Албанија-ЕУ Центар за енергетска ефикасност" и Регионалниот совет на Корча од Република Албанија.

 


Резултати

- Организиран промотивен настан за презентација на проектот;

- Организирано едно отворено предавање за ЕЕ и ОИЕ;

- Испечатен флаер за проектот;

- Изработен прашалник за реализација на анкета за ЕЕ и ОИЕ;

- Спроведена анкета врз 1100 испитаници од Регионот;ж

- Изработен Извештај по спроведена анкета и ПП презентација од анкетата;

- Изработен прирачник за учесници на отворено предавање за ЕЕ и ОИЕ.











© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион