Интегрирано управување со цврстиот отпад


Заклучно со јуни 2013 година, Советите на сите општини во рамки на Југозападниот плански регион, донесоа Одлуки за давање согласност за склучување договор за соработка за воспоставување Регионален одбор за управување со отпадот. Потпишаниот Договор, заедно со одлуките за избор на тела на регионалниот одбор, се изпратени во Министерството за животна средина и просторно планирање за натамошно процесирање на апликацијата поврзана со финансирање на системот за интегрирано управување на цврстиот отпад во Југозападниот плански регион.

Имено, Југозападниот плански регион веќе е вклучен во ИПА програмата, и произнесувањето на МЖСПП по барањето на ЈЗПР е позитивно. Дотолку повеќе, што е добиена потврда од ЕУ Делегација дека доставениот рпедлог-проект е прифатен, и истиот се проширува со тоа што, покрај Регионален план и Проценка на влијанието врз животната средина, ќе се изработуваат и Физибилити студии, Финансиски студии и комплетна тендерска документација за целиот систем за интегрирано управување (регионална депонија со трансфер станици) за Југозападниот плански регион.



 


Резултати од проектот

- Девет работни средби со претставници на ЕЛС;

- Донесени Одлуки од ЕЛС за склучување Договор;

- Потпишан Договор за Регионален одбор;

- Избрани управувачки тела.











© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион