Набавка на опрема за детектирање на губиток на водите во Југозападниот плански регион

Преку овој проект беа набавени вкупно шест уреди од оваа софистицирана опрема, што помага во раното откривање и детекција на загубите во водоводната мрежа. Детекторите се поделени по општините (Струга, Кичево, Дебар, Зајас, Дебрца, Пласница-Вранештица) со намера да се оплужува целиот регион. При ова е извршена и обука за ракување со опремата на 16 лица определени од споменатите општини, и нан нив им се издадени сертификати од производителот на опремата. Проектот е финансиран преку Програмите за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој за 2012 година.

 

Резултати:

- Две работни средби о претставници од ЈКП од општините

- Спроведена обука за ракување со опремата за 16 лица од ЈКП

- Испорачана опрема за мерење губитоци во вдоводната мрежа за 7 општини

 

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион