Изведба на енергетски ефикасни објекти во ЈЗПР- 2017


 


Цели на проектот

Намалувањето на потрошувачката на електрична и топлинска енергија преку замена на прозори, изолација на кров и поставување на надворешна термо фасада е основната цел на проектот реализиран во осум јавни објекти во општините Струга - ООУ "Браќа Миладиновци" и Административните канцеларии на Центарот за развој, Вевчани-ЈОУДГ "Планински цвет" и Домот на култура, Кичево- Административен објект на општината, Центар Жупа- ООУ"Мустафа Кемал Ататурк" и СОУ "Ата", Дебрца- ОУ во село Ботун, Охрид- ЈОУДГ "Јасна Ристеска- Развигорче"

Реализацијата на проектните активности во трите споеманти јавни објекти во регионот значително ја намали потрошувачката на енергија, а со тоа и трошоците на овие едукативни установи. Исто така, во голема мера се подобрени условите за настава во наведените училишта во Струга, Центар Жупа и Дебрца, како и условите за попријатен дневен престој на децата во детските градинки во Охрид и Вевчани и другите јавни објекти опафтени со проектот. Проектот е финансиран преку Програмите за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој за 2017 година.

 


Резултати од проектот

- Набавка и монтажа на систем за греење и реконструкција на котлара во ООУ "Браќа Миладиновци" - Општина Струга;

-Реконструкција на административните канцеларии на Центарот за развој на ЈЗПР;

- Реконструкција на детска градника "Развигорче" во Општина Охрид;

- Замена на стари прозори и врати со нови ПВЦ прозори и врати во Општина Кичево;

- Реконструкција и Изолација на кров во Општина Вевчани;

- Набавка и монтажа на фотоволтаичен систем во градинката "Планински цвет" - Општина Вевчани

- Изработка на надворешна термо фасада во ООУ "Мустафа Кемал Ататурк" и СОУ "Ата" - Општина Центар Жупа;

- Реконструкција и изолација на ОУ во Општина Дебарца;

 


Времетраење 6 месеци







© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион