Изведба на енергетски ефикасни објекти-училишта и градинки


 


Цели на проектот

Основната цел на проектот е намалување на потрошувачката на електрична и топлинска енергија преку замена на прозори, врати, изолација на подови, кровови и ѕидови и поставување на економичен систем за греење во шест училишни објекти во регионот. За три училишта (во Охрид, Дебрца и Центар Жупа) најнапред се изработи техничка докумнетација - основни проекти и ревизија за изведба на мерки/интервенции. Потоа се премина кон конкретна реализација на сетот од мерки за подобрување на енергетската ефикасност во следниве општини, односно училишни објекти: Охрид-ОУ "Кочо Рацин" во Д.Лакочереј, Кичево- СОУ"Мирко Милески" и СОУ "Дрита", Дебрца- ОУ "Дебрца" во Оровник, Центар Жупа - ОУ"Мустафа Кемал Ататурк" и СОУ"Ата" и ОУ"Неџати Зекирија" во Коџаџик и во Пласница - ОУ"Јунус Емре" во Лисичани.

Во ЈОУДГ "Планински цвет" во Вевчани е поставен систем на сончеви колектори, во ЈОУДГ "8-ми Март-Сонце" во Струга направена е замена на старата столарија со нови ПВЦ прозори и врати, а во ЈОУДГ "Јасна Ристеска" во Охрид извршена е санација на кровот и на санитарните јазли, поставена е надворешна термо фасада и извршена замена на старата столарија со нови ПВЦ прозори и врати.

 


Резултати од проектот

-Подготвена техничка документација - три основни проекти со ревизија за 3 уилишни објекти;

- Изолиран под 306 м2, поставен ламинат251 м2, поставени плочки 55 м2;

- Изолирани тавани со парна брана и термо-фасада на површина од 1808 м2;

-Замена на стари со 25 штедливи светилки;

- Замена на стара со нови ПВЦ столарија - 24 врати, 82 прозори со површина од 563 м2;

- Реконструкција на кровови со површина од 2126 м2;

-Изградена котлара на површина од 61 м2 и поставен систем за топловодно греење за 180 корисници;

-30% заштеда на енергија во сите чилишни објекти во кои се направени интервенциите за ЕЕ;

-Поставени кермачки плочки на површина од 278 м2;

-Поставен систем за санитарна топла вода со 3 сончеви колектори и болјер од 150л;

-Поставена термо-фасада на површина од 835 м2;

- Замена на стара со ПВЦ столарија - 23 врати, 104 прозори со површина од 315 м2;

-Реконструкција на кровови со површина од 030 м2.

 

 











© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион