Поставување на подземни контејнери во урбаните средини - втора фаза


 


Цели на проектот

Основната цел на проектот е заштита на животната средина во урбаните средини во ЈЗПР, преку модернизација на начинот на собирање на цврстиот отпад со подземни контејнери и селектирање на отпадот. Бидејќи ЈЗПР е една од најчестите дестинации на туристите, каде што во текот на годината, од вкупниот број на туристи во РМ, претстојуваат околу 30%, значително се зголемува генерираниот отпад. Со поставувањето на подземните контејнери се придонесе за поквалитетна јавна чистота и намалување на трошоците за нејзино одржување, креирање позитивен впечаток кај туристите и нивно привлекување за подолг временски период. Покрај платфомрите и контејнерите, економскиот оператор ги адаптираше и камионите на ЈКП за да можат да ги одигаат платформите, и да ги празнат контејнерите.


Rезултати од проектот

-Подгтовени две локации со изградба на јами за поставување на подзмените контејнери;

-Поставени две хидраулични платформи;

- Поставени два комплета од по 3 подзмени контејнери со капацитет од 1,1 м3 и 3 м3;

-Селектирање отпад на најфреквентните места во Кичево и Охрид;

-Намален бројот на дневно подигање отпад и намалени трошоци кај ЈКП;

-Покриеност на населението 10% со системи за селектирање и собирање на цврст отпад.

 

 

 








© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион