ГИС проект за управување со градежното земјиште


 


Цели на проектот

Основната цел на проектот е зголемување на домашните и странските инвестиции во Југозападниот плански регион со креирање бази на податоци за потенцијалните локации-парцели на градежно земјиште, преку ГИС системи. Со овој проект се овозможува целосен преглед на расположивите ресурси за инвестирање во сите општини од регионот, со јасно дефинирани параметри што се ставени на увид на потенцијалните инвеститори.

За постигнување на целта имплементирани се неколку проектни активности: Набавка на хардверска опрема - регионален сервер и работна единица; Набавка и инсталирање на ГИС софтвер за сервер е десктоп; Спроведување обука за користење на софтверски апликации за набавен Географски информациски систем ЕСРИ продукти - ArcGIS for Server Workgroup Standard и ArcGIS for Desktop Standard; Изработкја на софтверска апликација со бази на податоци за градежни парцели во деветте општини од регионот и нивно поместување на соодветна хардверска (клиентска+серверска) опрема.


Резултати од проектот

-Поставен хардвер - регионален сервер и работна единица во просториите на ЦРЈЗПР;

- Инсталиран линцециран ГИС софтвер - АрцГИС;

- Спроведена обука за 18 претставници од општините за користење на лиценцираниот софтвер;

- ИЗработена  инсталирана апликација со бази на податоци;

- Креирана база на податоци со атрибутни вредности за 100 локацииза инвестирање во 9-те општини.

 








© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион