Изведба на енергетски ефикасни објекти и употреба на обновливи извори на енергија во ЈЗПР


 


Цели на проектот

Намалувањето на потрошувачката на електрична и топлинска енергија преку замена на прозори, изолација на кров и поставување на оларен систем за подготовка на санитарна топла вода е основната цел на проектот реализиран во три јавни објекти во општините Струга - ООУ "Браќа Миладиновци", Дебар-ЈОУДГ "Брешиа" и Кичево-СОУ "Мирко Милески".

Реализацијата на проектните активности во трите споеманти јавни објекти во регионот значително ја намали потрошувачката на енергија, а со тоа и трошоците на овие едукативни установи. Исто така, во голема мера се подобрени условите за настававо наведените училишта во Струга и Кичево, како и условите за попријатен дневен престој на децата во детската градинка во Дебар. Проектот е финансиран преку Програмите за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развојза 2015 година.

 


Резултати од проектот

- Замена на стари прозори со нови 86 ПВЦ прозори во две училишта (Струга и Кичево), со вкупна површина од 540 м2;

- Реконструкција и Изолација на кровот на спортската сала во Струга, со вкупна површина од 320 м2;

- Инсталиран централен систем за санитарна топла вода во ЈОУДГ "Брешиа" -Девар составен од 10 топлински цончеви колектори, прв резервоар за топла вода од 1000л и втор резервоар за топла вода од 500л, со вградени електрични греачи и разводна инсталација за топла вода;

-Подобрени услови за работа на 1330 корисници во ООУ "Браќа Миладиновци" - Струга;

-Подобрени услови за работа на 3230 корисници во СОУ "Мирко Милески";

-Подобрени услови за престој и работа на 260 корисници во ЈОУДГ "Брешиа"-Дебар.

 








© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион