Пешачки и велосипедски патеки околу Охридското Езеро и долж течението на Црн Дрим


 


Цели на проектот

Основната цел на проектот е да придонесе во економскиот развојна Регионот преку развивање на алтернативни форми на туризам и збогатување на туристичката понуда во текот на целата година, при што како основа за неговата подготовка е земена претходно изработената Студија за пешачки и велосипедски патеки во ЈЗПР.

Како резултат на проектните активности изработени се: Инфраструктурен и Основен проект (со ревизија) за изградба на комбинирани пешачки и велосипедски патеки, Елаборати за заштита на животната средина и бележење на сообраќајната сигнализација. Во проектот се дефинирани и опфатени шест делници: Охрид-Струга, ХЦ Шпиље-Дебар, Дебар-Бањиште, Центар Жупа-Дебарски Остров, Дебар-Долно Косоврасти и Центар Жупа-Мелнички мост. Вкупната должина на проектираните - омбинирани - патеки е 31 км, а за чија изградба потребни се 1,7 милиони евра.

 


Резултати од проектот

- Изработена техничка документација (Инфраструктурени Основен проект - се ревизја - за изградба на комбиниранби пешачки и велосипедски патеки, Елаборати за заштита на животната средина и бележење на сообраќајната сигнализација) за 6 делници со вкупна должина од 31 км;

- Организирани три работни состаноци во Струга, Охрид и Дебар со претставници од Економскиот оператор, Центарот за развој и општините Струга, Охрид, Дебар и Центар Жупа;

- Организиран промотивен настан за презентирање на проектните резултати.

 








© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион