Изградба на колектори за отпадни води од Радожда до Калишта во Општина Струга системот за решавање на проблемот на отпадни води од Градиште до Св.Наум во Општина Охрид


 


Краток опис

Центарот за развој низ взаемна соработка со општина Струга и ангажираниот економски оператор работеше на прибирање на потребната документација за изработка на Основниот проект и Инфраструктурниот проект за решавање на проблемот со отпадни води на потегот од н.м. Калишта до н.м.Радожда , струшко. Имено, на овој дел од Охридското Езеро досега не е финализиран т.н. "западен олектор" што треба да ги опфати отпадните води од овие населени места и да ги одведе на третман во главната пречистителна станица во Враништа.

Со проектот планирана е изградба на колектори во должина од 5,2 км, 4 пумпни станици и попратна опрема. Проектот е презентиран пред релевантни претставници од ЕУ Делегацијата во Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање со цел да се изнајдат можности за негова реализација. Проектот е финансиран преку шемата за грантови базирана на перформансите, имплементирана од ГИЗ РЕД Програмата и Швајцарската агенција за развој и соработка.

 


Резултати

-Ажурирани геодетски подлоги;

- Геомеханички елаборат;

- Урбанистичко-планска документација;

- Проект за линиска инфраструктура;

- Основен проект за примарни колектори;

- Ревизија на проект за линиска инфраструктура;

- Ревизија на основен проект за примарни колектори.











© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион