Основен проект за пречистителна станица во населба Трпејца Охрид

 


Краток опис

Во соработка со Општина Охрид, Центарот за развој и економскиот оператор работеше на прибирање на потребната документација за изработка на Основниот и Инфраструктурниот проект за решавање на проблемот со отпадни води во населба Трпејца, Охрид. Со Основниот проект и Проектот за линиска инфраструктура се опфатени пречистителни станици, примарна и секундарна канализациона мрежа но н.м. трпејца, едно од најатрактивните туристички места на Охридското крајбрежје. Проектот е финансиран преку Шемата за грантови базирана на перформансите, имплементирана од ГИЗ РЕД Програмата и Швајцарската агенција за развој и соработка.

 



 


Резултати

- Ажурирани геодетски подлоги;

- Геодетски елаборат;

- Геомеханички елаборат;

- Урбанистичко-планска документација;

- Проект за линиска инфраструктура;

- Основен проект за примарна и секундарна канализација;

- Основен проект за пречистителна станица;

- Ревизија на проект за линиска инфраструктура;

- Ревизија на основни проекти за примарна и секундарна канализација и пречистителна станица.








© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион