Студија за планирање и означување на пешачки и велосипедски патеки во ЈЗРП


 


Цели на проектот

Основната цел на Студијата е креирање на инфраструктурна мрежа, од пешачки и велосипедски патеки, што ги интересира многубројните културни и природни знеменитости и другите атрактивни локации во "најтуристичкиот" регион во Македонија. Инаку, сите сфери на општественото живеење директно или индиректно зависат од сообраќајната поврзаност и од состојбата во транспортната инфраструктура. Гледано од собраќаен аспект, во Југозападниот плански регион недостигаат патеки за алтернативните - еколошки и пред се - погодни за здравјето начини за превоз, кои се практични и посакувани за употреба особено за туристички посети, а тоа се пешачењето и употребата на велосипедот, што беше и основен мотив заради кои се пристапи кон изработка на оваа Студија.

Со Студијата се трасирани 49 пешачки и велосипедски патеки со вкупна должина од 655 км, како и три дополнителни за т.н. екстремни спортови со должина од 91 км, и опфат на деветте општини од Регионот.

 


Резултати од проектот

- Спроведена анкета на 1100 испитаници;

- Подготвена работна верзија на студијата;

- Презентација на работната верзија;

- Изработена финална верзија на студијата и нејзино печатење.


 

 

 








© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион