Физибилити студија за третирање отпадни води што се влеваат во река Црн Дрим од Струга до Дебар

Партнери

Општина Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа



Во рамки на овој проект се работеше на изнаоѓање на соодветни технички решенија и можности за третирање на отпадните води што се влеваат во реката Црн Дрим на потегот од Струга до Дебар.

Во текот на подготовката на работната верзија и на финалниот документ беа организирани поголем број средби со стручни лица од Општина Струга, Вевчани и Дебар, а покрај тоа беше извршена презентација и пред градоначалниците од споменатите општини. Студијата е завршена во текот на ноември 2013. Проектот е финансиран преку Програмите за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој за 2013 година.

 


Резултати

- Пет работни средби на експертскиот тим,

- Изработена Студија и јавна презентација на истата.

 











© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион