Студија за примена на алтернативни извори на енергија


 


Цели на проектот

Основната цел на проектот е создавање на услови и промоција на користење на обновливи енергии од крајните потошувачи, однсосно искористување на сонцето, водите и геотермалните извори како значајни ресурси на Регионот. Во рамките на проектот беа подготвени и пет елаборати за енергетска ефикасност во исто толку јавни објекти во општините: Струга, Вевчани, Кичево, Дебар и Пласница.

 


Резултати

- Една работна средба со претставници на ЕЛС;

- Посета на пет јавни објекти опфатени за изработка на елаборати за ЕЕ;

- Подготвени анкетни листови за сите општини кои се партнери во проектот (податоци за потенцијалот на обновливи извори на енергија)

- База на податоци за ЕЕ и ОИЕ на општините во Регионот;

- Подготвени пет (5) технички проекти за енергетска ефикасност за 5 јавни објекти во Струга, Вевчани, Кичево, Дебар и Пласница;

- Изготвена Студија за примена на алтернативни извори на енергија во ЈЗПР.











© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион