Изработка на технички проект за фекална канализација за Вевчани и Струшко

Целта на проектот е изработка на техничка документација за фекална канализација за општина Вевчани и населените места Велешта (дел), Подгорци, Октиси и Долна Белица, со што ќе се овозможи добивање на  техничко решение по кое ќе може да се изгради 20 км канализационата мрежа за одведување на отпадните води од овој микро-регион. Проектот е финансиран преку Програмите за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој за 2010 и 2011 година.

 

Партнери во проектот

3 општини Струга, Вевчани и Охрид се партнери во реализацијата на проектот. Улогата на општините ќе биде активно да се вклучат во имплементацијата на проектот и да ги стават на располагање сите постојни документи и податоци кои се поврзани со проблемот што го третира истиот.

 

 

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион