Физибилити студија за одведување на отпадни води од Градиште до Св.Наум

Целта на проектот е да се добие оптимално техничко решение за начинот на одведување на отпадните води од регионот на  село Трпејца, село Љубаништа и Комплексот Св. Наум. Тоа претставува основа за изведување на следните фази за реализирање на одведувањето на урбаните отпадни води од овој регион (изработка на детална техничка документација - Основен проект  и изведба на усвоената варијанта).

 

Партнери во проектот

3 општини Охрид ,Струга и Дебрца се партнери во реализацијата на проектот. Улогата на општините ќе биде активно да се вклучат во имплементацијата на проектот и да ги стават на располагање сите постојни документи и податоци кои се поврзани со проблемот што го третира истиот.

 

 

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион