Селектирање на отпад и набавка на садови за сите општини од југозападниот плански регион

Основните цели на проектот се подигнување на јавната свест за селектирање на пластичниот отпад и хартија и иницирање на почетна фаза на интегриран менаџмент на цврстиот отпад во Југозападниот регион.

 

Сите 13 општини (Струга, Охрид, Вевчани, Дебрца, Другово, Дебар, Центар Жупа, Кичево, Пласница, Вранештица, Македонски Брод, Осломеј и Зајас)  во рамките на Југозападниот плански регион се партнери во реализацијата на проектот и јавните комунални претпријатија од 13 Општини.

 

Резултати:

- Извршено дефинирање на локации за поставување на контејнери во 13-те општини

- Донирани 402 контејнери на сите 13 општини од регионот со цел отпочнување на процесот на селектирање на отпад

- Извршена медиумска кампања за селекција на отпадот по пат на изработка на флаери и емитуван ТВ спот

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион