Студија за решавање на проблемот со отпадни води (Кичево, Зајас, Осломеј, Пласница, Другово и Вранештица)

Партнери

6 општини од Југозападен плански регион (Кичево, Зајас, Осломеј, Пласница, Другово и Вранештица).


Цели на проектот Да се изработи Студија за решавање на проблемот со отпадни води во општините Кичево, Зајас, Осломеј, Пласница, Другово и Вранештица. Со изградбата, пак, на системот за третман на отпадните води во Кичевскиот микро-регион се оздаваат услови за спречување на натамошното загадување на животната средина во населените места, и зголемување на нивото на чистота на реката Треска. За пречистување на отпадните води, планирана е изградба на колекторски систем во должина од 65 километри и три пречистителни станици (Кичево, Поповјани и Пласница).

Резултати - Физибилити студија за третман на отпадни води во Кичевскиот микро-регион;
- Физибилити студијата е преведена на англиски јазик, со цел да послужи како основа при барањето финансискисредства за реализација на системот од странски донатори;
- Идеен проект за колекторски систем во Пласница и Вранештица.

Времетраење 12 месеци



precistitelna01 precistitelna02
precistitelna03 precistitelna04
precistitelna05 precistitelna06

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион