Презентација на ИПАРД

Денес, 21.06.2018г, во Струга, претставници на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој ги запознаа општините од Југозападниот плански регион со мерките и условите за аплицирање за грантови од Програмата за рурален развој за 2018 година.

 

Од Агенцијата информираа дека наскоро општините ќе можат да аплицират за вкупно 600 милиони денари кои ќе бидат наменети за ЕЛС. На деветте општини од регионот и на Центарот за развој на Југозападниот плански регион им стојат на располагање средства по повеќе основи. Една од мерките е подобрување на животот во руралните средини (Мерка 321), потоа мерката за обнова и развој на селата (Мерка 322) и мерката за зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја (Мерка 323).

 

Информативниот настан е организиран од страна на Центарот за развој на Југозападен плански регион во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

 

 

MZSV_1 MZSV_3
MZSV_4 MZSV_2.jpg

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион