Кичево доби пречистителна станица за отпадни води

Со пригодна свеченост, на ден 20.06.2018г беше ставена во функција новата пречистителна станица за отпадни води во Кичево. На свеченоста присуствуваа Амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар, Заменик Премиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураку, Министерот за економија Крешник Бектеши и градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари.

 

Проектот за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Кичево е финансиран од Европската Унија преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА), од делот за регионален развој - компонента три. Вкупната вредност на Пречистителната станица за отпадни води во Кичево изнесува 8,3 милиони евра.

 

Пречистителната станица која е сместена во близина на Кичево е со инсталиран капацитет за 48.000 жители. Реализацијата на проектот вклучува и изградба на колектор и пристапен пат.

 

Еден од иницијаторите за решавање на проблемот со отпадните води во Кичево е Центарот за развој на Југозападен плански регион, кој уште во 2010 година инициира изработка на Физибилити студија за целиот Кичевски микро-регион (/Proekt.aspx?ProektID=1416).Студијата ја изработија експерти од Градежниот факултет од Скопје и истата беше оценета од страна на европските експерти, ангажирани од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање како исклучително квалитетен документ што даде можности да се реализиара овој проект. Центарот за развој на ЈЗПР, исто така, изработи и Кост Бенефит Анализа (/Proekt.aspx?ProektID=2848) што беше основа за доразвивање на потребната документација за изградба на пречистителната станица во Кичево.

 

Kichevo_1 Kichevo_2
Kichevo_3 Kichevo_4

 

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион