ПРОМОВИРАНА НАДГРАДЕНАТА АНДРОИД АПЛИКАЦИЈАТА „SW MACEDONIA ATTRACTIONS“

Охрид, 05.06.2018     Пред претставниците на секторите за локален економски развој, туризам и транспорт од општините Охрид и Струга, денеска во Општина Охрид, беше претставена надградената и дополнета Андроид апликација "SW Macedonia Attractions", која е наменета за посетителите што доаѓаат во Регионот, а со цел да се претстави богатото природно и културно наследство, како и можностите за рекреација.

 

Апликацијата, што ја изработи Центарот за развој на Југозападниот плански регион, во соработка со тимот на ГДи Нет од Скопје, презентира над 100-тина значајни туристички локалитети во деветте општини од Регионот, развиени на ГИС платформа со реални -различни- типови на мапи, со цел посетителите полесно да можат да стигнат до одредишната локација. Секоја атракција е претставена со соодветни информативни текстови и фотографии, при што гостите можат да креираат сопствени рути на движење и посета на локации по сопствен избор, без притоа да ангажираат водичи. За тоа, во апликацијата, е разработен и модул на локалниот транспорт до значајните туристички места, со возните редови на превозниците.

 

Покрај тоа, посетителите, имаат ретка можност да се запознаат и со можностите за алтернативни туристички активности, како што пешачењето, планинарењето, спелеологијата, велосипедизмот, лов и риболов.

 

Апликацијата содржи и календар на најзначајните културни настани што во текот на целата година се организираат во Регионот. Оваа нова алатка, која има можности за надрадување со нови дополнителни содржини, а со цел да се изврши севкупно претставување на туристичките потенцијали на ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион, е бесплатна и сите корисници на паметни уреди кои функционираат на Андроид платформа можат да ја преземат од Play Store.

 

Android_1.jpg Android_2

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион