ИПАРД програма

Струга, 28.03.2018

За подобрување на локалната инфраструктура во руралните средини во Македонија, на општините, им стојат на располагање 7 милиони евра обезбедени преку ИПАРД програмата, која се очекува да биде активирана во текот на јуни, преку објавување на првиот повик. Ова денес го истакна Игор Трошански од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на инфо сесијата, со претставниците од деветте општини од Југозападниот плански регион, организирана од страна на Центарот за развој.

 

Според зборовите на Трошански средствата ќе може да бидат искористени за развој на руралната инфраструктура, преку подобрување на локалната патна мрежа, водоводните системи, канализациони мрежи, како и друг вид на зафати (уредување на плоштади, пазари, паркови и сл.) со цел да се подобрат услови во средините до 10.0000 жители.

 

Корисниците на средствата ќе може да бидат општините кои во периодот што претстои ќе треба, пред се, да изготват солидна техничка документација што ќе биде главен услов за добивање на целосниот грант. Притоа, како што истакна Трошански, општините ќе треба средствата за реализација на проектот да ги авансираат, а по неговото заокружување ќе ги добијат  назад.

 

Преку ИПАРД Програмата, во следниов програмски период, на општините им стојат на располагање околу 60 милиони евра за имплементација на оваа мерка.

Поголем дел од присутните, меѓу кои и неколку градоначалници на општини од Југозападниот плански регион, истакнаа дека малите општини, но и овие со блокирани сметки, не ќе бидат во можност да користат средства од оваа Програма. Притоа, како главни причини се споменаа малите буџети на Општините, неможноста да се авансираат поголеми средства, како и стрикните правила од Брисел кои не даваат можност општинитете кои имаат блокирани жиро-сметки да имаат пристап во оваа Програма.

 

Денешната инфо-сесија беше со цел да се воочат главните проблеми со кои се судруваат општините со цел да се изнајдат содветни решенија, а се со цел да се подигне степенот на искористеност на средства, што како грантови, се обезбедени за Македонија од страна на Европската Унија.

 

 

 

Ipard_Info_3.jpg Ipard_Info_2
Ipard_Info_1

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион