Трета Седница на Советот за развој

Советот за развој на ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион, денеска, ја одржа третата седница на која беа разгледани и усвоени Извештајот со степенот на реализација на Програмата за развој на Регионот во 2017 година, како и  Акцискиот план за работа на Центарот за развој во тековнава година. Во однос на реализација на Програмата за развој беше нагласено дека, преку разни форми на дејствување, при што првостепено место имаат реализираните проектни активности, значајно внимание е посветено на остварувањето на четирите стратешки цели и приоритети од Програмата. Во таа насока, од страна на Центарот за развој, но и од општините што му припаѓаат на Регионот, најголем број реализирани активности се од областа на образованието, социјалниот развој, како и заштитата на животната средина. Тимот на Центарот за развој, покрај проектите што се одобрени од страна на Бирото за регионален развој, односно Министерството за локална самоуправа, во 2017 година, реализираше проекти поддржани од Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниорт развој, како и проекти што беа прифатени од донаторската заедница, односно од УНДП.  Вкупната сума на инвестираните средства преку Центарот за развој на ЈУГОЗАПАДНИОТ планки регион, во општините, е нешто повеќе од 20 милиони денари.

 

Што се однесува до работата во тековната година, беше укажано дека, низ партнерски однос со општините од Регионот, Центарот за развој на ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион, ќе реализира активности во  четирите стратешки цели од Програма. Најголем интерес, од општините, е искажан за проекти во првата стратешка цел - подигнување на степенот на економски раст на Регионот, како и во областа на заштитата на животната средина. Инаку, во четирите стратешки цели се очекува да бидат инвестирани околу 400 милиони денари, при што дирекно преку Центарот за развој ќе бидат имплементирани проекти во висина од 40 милиони денари, а остатокот отпаѓа на проекти на самите Општини.

 

На денешната седница, беше конституиран новиот Регионален одбор за управување за отпадот, во кој членови се градоначалниците од 9-те Општини од Регионот, а за претседател беше избран Фамтир Дехари, градоначалник на Општина Кичево.

На седницата беа разгледани и други актуелни прашања од регионалниот развој.

 

Sovet3_1

 

Sovet3_2
Sovet3_3 Sovet3_4

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион