Конституиран нов Совет за развој на ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион

Струга, 24 ноември 2017 Рамиз Мерко е избран за нов претседател на Советот за развој на ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион, на конститутивната седница на ова регионално тело, чија првостепепна задача во следниве две години, како што најави тој ќе биде заложбата за зголемување на средствата наменети за осумте региони во државата, со цел да се достигне законското решение од 1 насто од домашниот бруто производ да биде ставен во функција на регионалниот развој.

 

На конститутивната седница беа разгледани и повеќе други точки, меѓу кои  и листата на приоритетните регионални проекти со кои Центарот за развој на ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион планира да аплицира кај домашните извори на финансирање, пред се, кај Министерството за локална самоуправа, односно Бирото за регионален развој, кај останатите ресорни министерства и агенции, како и кај меѓународната донаторска заедница.  Се очекува, следната 2018 година, да бидат реализирани повеќе регионални проекти во вкупна вредност од околу 40 милиони денари, при што како главни партнери ќе се појават деветте општини што му припаѓаат на Регионот.

 

По седницата, претседателот Рамиз Мерко, заедно со раководителот на Центарот за развој на ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион, Мирјана Лозаноска свечено ги пуштија во употреба реконструираните простории на Центарот за што средствата се обезбедени од Буџетот на РМ во рамки на проектот за Енергетско-ефикасни објекти, што се имплементира во шест општини од Регионот.

 

 

seanca konstituive 2017 - 2.jpg seanca konstituive 2017 - 1
seanca konstituive 2017 - 3

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион