Нови прозори и врати за потребите на Општина Кичево

На 17 ноември 2017г, преку проект финансиран од Бирото за регионален развој, Центарот за развој на ЈЗПР, во соработка со Општина Кичево, заврши со активностите за набавка и монтажа на нови ПВЦ прозори и врати за потребите на новата зграда на Општина Кичево. Објектот, неколку години наназад беше вон употреба и немаше елементарни услови за работење, па така со проектот беше опфатен делот на столаријата.

 

 

Оваа година во подобрувањето на енергетската ефикасност на јавните објекти во седум од деветте општини, што му припаѓаат на ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион, се вложени скоро 16 милиони денари, преку проекти што ги реализира Центарот за развој од регионот, низ партнерски однос со единиците на локалната самоуправа. Зафати се вршат во Струга, Кичево, Вевчани, Центар Жупа и Дебрца, и наскоро се очекува сите објекти да бидат ставени во функција.

 

 

Последниве неколку години, поради интересот на општините, значајни средства се инвестирани во подигнувањето на енергетската ефикасност на јавните објекти. Како што нагласуваат од Центарот за развој за оваа намена се издвоени над 30-тина милиони денари од Програмите за рамномерен регионален развој преку Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој.

 

kercove pvc 2017 - 2 kercove pvc 2017 - 4
kercove pvc 2017 - 3 kercove pvc 2017 - 5

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион