Мирјана Лозаноска е реизбрана за директор на Центарот за развој

Струга, 16.08.2017  Советот за развој на Југозападниот плански регион, на денешната редовна седница, ја реизбра Мирјана Лозаноска за раководител на Центрот за развој, тело кое посветено на развивање на проекти со кои се поттикнува регионалниот развој. Градоначалниците од деветте општини што му припаѓаат на Регионот беа едногласни во оценката дека Лозаноска заслужува да го добие третиот мандат бидејќи покажува целосна посветеност во  работата, и без фаворизирање, сите општини од Југозападниот плански регион, имаат достапност за учество во регионалните проекти, финансирани од домашни и меѓународни извори.

Центарот за развој на Југозападниот плански регион тековно имплементира неколку покрупни проекти во вкупна вредност од 20 милиони денари, со кои главно се подобрува енергетската ефикасност на јавните објекти во општините и се подобрува туристичката инфраструктура во Регионот.

 

MLozanoska.jpg

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион