ГРАНТОВИ ЗА МСП

Охрид, 08 април  Центарот за развој на ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион, во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој, на 8 април, во хотелот Инекс Горица во Охрид, организираа инфо сесија за четвртиот повик на Фондот за инструментите - кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин- оф, и кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации.

-  Преку споменатите инструменти, апликантите може да добијат неповратни 30.000, односно 100.000 евра, со цел преку предложените проекти да го поттикнат нивото на иновативност со истражување и развој, да ја продлабочат соработката помеѓу МСП секторот и високообразовните инаучни установи, како и останатите форми на соработка за комерцијализација на иновации, нагласи Катарина Кречева, советник во одделението за подготовка на програми одФондот за иновации и технолошки развој.

Целта на инфо настанот беше да се дадат детални информации за фазата на аплицирање, објаснување на критериумите, информации за подготовка на буџетот и за Правилникот на инструментите.  За подготовката на буџетот, како значаен дел од апликацискиот пакет, пред присутните зборуваше Никола Клопчевски, Виш соработник во одделението за финансии и сметководство во ФИТР.

Четвртиот повик е отворен до 3 мај оваа година, и ова е добра можност да се поттикнат малите и средни претпријатија од Регионот да развијат проекти кои ќе ја подобрат нивната конкурентност и истовремено ќе придонесат во развојот на економијата во Југозападниот плански регион.

Инфо сесијата беше отворена за сите заинтересирани субјекти за добивање информации за грантовите што се доделуваат од страна на Фондот за иновации и технолошки развој, преку отворените инструменти за финансирање на мали и средни претпријатија и стартапи.

 

Инфо-ФИТР-1 Инфо-ФИТР-2
Инфо-ФИТР-3 Инфо-ФИТР-4

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион