Регистар на потенцијали

Струга, 23 март 2017 Во рамки на општините што му припаѓаат на Југозападниот плански регион, особено во руралните средини, идентификувани се повеќе од 25 локации каде што може да се развиваат различни форми на селективни, или алтернативни видови на туристички и друг вид рекреативни активности. Ова беше истакнато на промоцијата на  Регистарот на потенцијалите за развој на руралниот туризам во Југозападнииот плански регион, што се одржа во Струга, како завршен настан во рамки на проектот "Иновативни решенија за подобар пристап до услуги на локално ниво", поддржан од Канцеларијата на UNDP од Скопје и Министерството за локална самоуправа.  Практично, со изработката на Регистарот, намерата беше да се изнајдат и креираат иновативни производи и услуги што ќе привлечат  поголем број туристи, бидејќи тоа е на некој начин и светски тренд во туристичките движења.

Регистарот на потенцијалите за развој на руралниот туризам се изработуваше низ еден широк партиципативно-консултативен процес со значајните страни од Регионот, нагласи  Маријан Степанкоски од Фондацијата ПРЕДА плус од Прилеп, коjaво соработка со туристички експерти и тимот од Центарот за развој на ЈЗПР го изработија споменатиот документ.

Процесот се одвиваше низ соработка со сите засегнати страни,  преку вклученост на јавните локални и регионални институции,  бизнис секторот, и особено претставниците што нудат туристички услуги и производи, и се разбира граѓанскиот сектор како значајна алка во целиот процес. На презентацијата беше нагласено дека Југозападниот плански регион е најзначајниот туристички регион во државата,  со најголем потенцијал за негово унапредување и развој.Притоа укажано е дека треба да се направи диверзификација, односно проширување на самата туристичка понуда преку креирање на иновативни туристички продукти и услуги, па затоа  Регистарот претставува корисна алатка за значајните страни во Регионот. Освен тоа, Регистарот влегува до доменот на особено значајните регионални-стратешки документи, што преку неговото надградување може да придонесе за унапредување на туризмот, степенот на економски раст и подобрување на општиот животен стандард на населението во Регионот.

Во изготвувањето на Регистарот на потенцијалите за развој на руралниот туризам учествуваа и експерти од Факултетот за туризам и угостителство од  Охрид. Асистентот, Михаил Ристески зборувајќи на презентацијата истакна дека нивното стручно мислење придонесло да се поедностави постапката на прибирање и обработка на податоците за изработка на регистарот.

Руралниот туризамне е развиен до оној степен како што се очекува, барем во Југозападниот плански регион, инаку туристички најразвиениот во државата. Селата или руралните предели се скоро напуштени, со замрени стопански активности, имаме значајна миграција од тие простори во поголемите центри, или во   станство, што  доведува до опустошување на ваквите простори. Во едно вакво опкружување, нормално е дека развојот на руралниот туризам ќе влијае позитивно на спречување на трендот на иселување, и намалување на релативно големата стапна на невработеност со која се соочува Регионот.

Во акцискиот дел од Регистарот  се дефинирани и приоритизирани околу 25 атрактивни локации каде што може да се развие руралниот туризам во 9-те општини од Југозападниот плански регион. Утврдените локалитети и објекти, за општините што му припаѓаат на регионот, претставуваат основна поттикнувачка активност за иден развој. Исто така, треба да се истакне дека дефинираните рурално-туристички ресурси можат да се стават во комплементарна функција на можностите за развој на други видови туризам.

Регистарот на потенцијалите за развој на руралниот туризам отпочна да се изготвува минатата година. Од Центарот за развој на Југозападниот плански регион нагласуваат дека работат напорно се цел да се изнајдат и да се реализираат поголем број пилот активности кои се дефинирани во овој стратешки документ. Во изминатиот период, преку соработаката со Канцеларијата на UNDP - Скопје и Министерството за локална самоуправа, вложени се над 50.000 евра за поттикнување на руралниот туризам во Југозападниот плански регион.

registar na potenciali 5 registar na potenciali 3
registar na potenciali 1 registar na potenciali 4
registar na potenciali 2 registar na potenciali 6

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион