Мрежа за инклузивен регионален развој

Струга, 29 декември 2016  Во Струга, во хотелот Мираж, се одржа конститутивен состанок на Мрежата за инклузивен регионален развој на Југозападниот плански регион, која е одговор на предизвикот да се постигнат целите од Националната стратегија за регионален развој,  при што главниот фокус е насочен кон економскиот развој на руралните подрачја во ЈЗПР. За претседател на мрежата е избрана Мирјана Лозаноска, раководител на Центарот за развој, а за заменик претседател Александар Јованоски, од кластерот Еден.

Во работниот дел, покрај членовите на мрежата, зедоа учество и Биљана Цветановска Гуговска, државен секретар во Министерство за локална самоуправа, Анета Димовска, државен секретар во Министерство за економија и Игор Трајкоски, претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион. Притоа беше истакнато дека со воспоставувањето на мрежата, се очекува, да се подобри и имплементацијата на применетите политики за децентрализација кои се однесуваат на руралните подрачја и населени места. Со други зборови, мрежата за инклузивен развој ќе овозможи поддршка за општините и другите засегнати страни (невладините организации, економските оператори, ограноците на стопански комори, туроператори, здруженија на туристички работници, и др.) во Југозападниот плански регион за поефикасно и поефективно управување со руралниот развој.

Во мрежата е вклучен јавниот, приватниот и невладиниот сектор, кои  како релевантни чинители ќе помогнат за економско возобновување и развој на руралните подрачја во Југозападниот плански регион.

На состанокот беше усвоен и Деловникот за работа на Мрежата за инклузивен развој.

 

Struga_2.jpg Struga_1
Struga_3

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион