Реконструкција на градинката

Во рамките на свеченостите по повод 7 Ноември, денот на ослободувањето на Охрид, вчера, со пригодна свеченост, градоначалникот на Општината, Никола Бакрачески, го пушти во употреба реконструираниот објект од централната детска градина Јасна Ристеска.

 

-Објектот на детската градинка е изграден водалечната 1972 година и досега не беа изведени поголеми реконструктивни зафати. Кровот беше изработен од алуминиумскаконструкцијакојанамногуместапрокиснувашe, фасадата од гитер цигла, се работеше за енергетски неефикасен објект кој и без тоа беше многу тешко се загреваше во текот на зимата па мораше да се користат некои дополнителни извори на греење за да се постигне некоја оптимална температура за просториите во кои што се воспитуваат децата и работат вработените. Значаен дел во тоа имаше и застарената и дотраена дрвена столарија која што дваесетина години наназд не е реконструирана, а и санитарните јазли беа во катастрофална состојба. За таа цел заедно со Центарот за развој на Југозападниот плански регион дефиниравме како приоритет за оваа година да биде токму реконструкцијата на оваа градинка како дел од програмата за изградба на енергетски ефикасни објекти и сметам дека не погрешивме и го направивме најдобриот избор-изјави градоначалникот Никола Бакрачески на свеченоста.

 

Крајаната цел на зафатите е да се намалат трошоците во работењето, особено во делот за загревање на објектот, преку потрошувачката, во конкретниот случај, на фосилните горива. За да се постигне сето тоа, во овој јавен објект, беа извршени поголем број интервенции на кровната конструкција, преку замената на старата столарија со нови ПВЦ врати и прозори, санирани се санитарните јазли, и конечно целиот објект доби нова термоизолациона фасада.

 

- Во оваа прилика сакам да нагласам дека средствата за реконструкцијата беа одделени од страна на Владата на Република Македонија, од националниот буџет преку програмите за рамномерен национален развој на Mинистерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој -  изјави Мирјана Лозаноска раководител на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, упатувајќи благодарност до градоначалникот Бакрачески и локалната сдамоуправа за поддршката во работењето.

 

Активностите во детската градинка во Охрид се дел од регионалниот проект "Изведба на енергетски ефикасни објекти во Југозападниот плански регион", одобрен од страна на Владата на РМ, преку Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, а што се реализира од страна на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, во тесна соработка со општините. Вкупната висина на проектот е 16,4 милион денари, а интервенциите во Охрид чинеа 3,5 милион денари.


Изведувачи на работите беа Сити Логистик од Скопје и подизведувачот Тане 2007 од Охрид, кои планираните зафати во детската градинка во Охрид, ги завршија во договорениот рок.

 

Gradina_1 Gradina_2
Gradina_3 Gradina_6
Gradina_4.jpg Gradina_5

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион