АНДРОИД АПЛИКАЦИЈА ЗА ТУРИСТИЧКИТЕ ВРЕДНОСТИ

На 19 октомври, во хотелот Милениум Палас во Охрид, пред претставниците на медиумите и другите заинтересирани субјекти, беше презентирана Aндроид апликацијата "Southwest Macedonia Attractions", која, пред се, на посетителите им нуди корисни информации за стотина туристички атракции во Југозападниот плански регион.

-Апликацијата е алатка која ќе им биде од полза на туристичките водичи и работници и секако на туристите. Тие преку "Play store" ќе може да ја симнат бесплатно андроид апликацијата и на некој начин да ги води до сите културни, природни  и туристички атракции во Регионот - истакна Мирјана Лозаноска, раководител на Центарот за развој на Југозападниот плански регион.

Андроид апликацијата е на Англиски јазик и ја изработи специјализираната IT компанија "Gdi GISDATA"одСкопје. Апликацијата користи ГИС мапи, содржи пребарувања по општини и категории, а нуди и можност за оценка на атрактивноста.

-Апликацијата нуди детален опис на секоја атракција и можност за рејтингување, што ќе им овозможи на гостите да се информираат кои се најатрактивните локации во местата кои сакаат да ги посетат - изјави Билјана Манева од "GDi GISDATA".

Проектот е поддржан од Германското друштво за меѓународна соработка и Швајцарската агенција за развој и соработка. Истата претставува своевиден водич за туристите низ регионот, но и корисна алатка која треба да придонесе за поголема промоција на туризмот, што е и основна цел на проектот што го реализира Центарот за развој на Југозападниот плански регион.

_DSC0620.jpg _DSC0624
_DSC0634

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион