Генерирање на регионални проектни идеи за 2017 год

Центарот за развој на Југозападниот плански регион, го организира првиот јавен настан на 14.09.2016 година во хотел ,,Мираж,, во Струга. Целта на овој настан беше да се запознаат и вклучат претставниците на Општините, бизнис секторот, невладиниот сектор, и образовните институции од Југозападниот регион во реализација на стратешките цели и приоритети преку генерирање на проектни идеи за 2017 година за две стратешки цели со приоритетите - Економски развој и Образование и социјален развој.

Исто така во првиот дел од настанот беше презентирана и Стратегијата за иновации во Југозападниот плански регион.

На ден 28.09.2016 година е закажено и вториот јавен настан каде треба да се генерират регионални проектни идеи од две стратешки цели: Развој на туризмот поврзан со природното и културното наследство и Зачувување на квалитетот на животната средина.

 

web-1.jpg web-2
web-3 web-4

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион