Игор Трајкоски е избран за претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион

Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски е избран за претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион. На денешната седница на Советот за развој, градоначалниците од 9-те општини што влегуваат во составот на овој регион, едногласно одлучија Трајкоски во наредниве две години да биде на чело на Советот, истакнувајќи ги неговите заложби за поефикасна регионална политика во Македонија.

 

Заблагодарувајќи се на довербата, претседателот на Советот за развој, Игор Трајкоски, истакна дека нужно е да доследно да се применуваат законските одредби, особено во делот на средствата што се издвојуваат за регионален развој.

 

_DSC0161.jpg

 

 

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион