Модернизирање на комуналната опрема во Општина Кичево

Општина Кичево почна со модернизација на опремата за собирање на комунален отпад. Во рамиките на проектот " Поставување на подземни контејнери во урбаните средини на Југозападниот плански регион - втора фаза", Центарот за развој на Југозападен плански регион на Општина Кичево и подари хидраулична подземна платформа со 3 контејенери со големина од 1,1м3.

Со поставување на подземните контејнери се обезбедува по чиста средина и можности за селектирање на пластика.

Вакви контејнери првично се поставија во Општина Струга и Дебар и се очекува исто да се постави и во Општина Охрид.

 

kiontenjeri-kercove-2.jpg kontenjeri kercove 1

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион