Меѓународната Конференција за регионален и локален развој

Во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со ГИЗ, Швајцарската агенција за развој и соработка и УНДП, денеска и утре во Скопје се оддржува Меѓународна конференција на тема: "Предизвици и перспективи во регионалниот и локалниот развој-Децентрализација и ЕУ пристапување". Конференцијата ја отворија министерот за локална самоуправа, г. Лирим Шабани, потпретседателот на Владата на Република Македонија, г. Муса Џафери, претседателот на ЗЕЛС, г. Коце Трајановски, постојаниот претставник на УНДП во РМ, г-ѓа Луиза Винтон, заменикот амбасадор на Германија во РМ, г. Ханс-Хелге Зандер и заменикот директор на мисија во амбасадата на Швајцарија во РМ, г-ѓа Катарина Штокер.

Министерот за локална самоуправа, г. Шабани истакна дека политиките за регионален и локален развој, Република Македонија ги гради врз основа на определбата за членство во Европската Унија, како земја која скоро една ипол деценија го спроведува процесот на децентрализација на власта и создава амбиент за координиран, интегриран и инклузивен развој. Како приоритет во спроведувањето на децентрализацијата, Шабани ја посочи фискалната децентрализација и потребата од воедначување на локалните услуги за сите граѓани.

Претставниците на меѓународните организации, на УНДП, на ГИЗ и на СДЦ, истакнаа дека Конференцијата е убава можност да се разменат мислења и идеи за децентрализацијата, како и за локалниот и регионален развој со претставници од земјата но и од регионот.

Од страна на експерти и претставници на надлежни институции, на Конференцијата ќе бидат презентирани искуства од земјите од регионот во имплементирањето на политиките за регионален и локален развој, децентрализација и ЕУ пристапување.

konfnderkombetare4.jpg konfnderkombetare6
konfnderkombetare1 konfnderkombetare5
konfnderkombetare3 konfnderkombetare2

 

 

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион