Нов кров за спортската сала

На 16 ноември 2015г, преку проект финансиран од Бирото за регионален развој, Центарот за развој на ЈЗПР, во соработка со Општина Струга, односно со ООУ "Браќа Миладиновци", заврши со активностите за реконструкција и изолација на кровот на спортската сала на оваа училиште. Кровот на спортската сала, во последните години, беше многу проблематичен бидејќи се губеше енергијата внатре во салата и немаше хидроизолација. Со проектот беше опфатено надворешната реконструкција на кровот како и хидрозизолација од надворешната страна. Реконструкцијата на кровот опфаќа нов едноводен кров од пластифициран лим, поставување на хидроизолација, и хоризонтални и вертикални олуци.

Имено, во последните 6 месеци, Центарот за развој, со општините партнери во проектот, почна со имплементација на проектот "Изведба на енергетски ефикасни објекти во ЈЗПР" . Во проектот се предвидени 3 поголеми активности и тоа: Изолација и реконструкција на спортската сала во ООУ "Браќа Миладиновци"-Струга, Набавка и монтажа на ПВЦ прозори за две училишта во Кичево - СОУ "Мирко Милески" и Струга - ООУ "Браќа Миладиновци", и Набавка и монтажа на систем со сончеви колектори за санитарна топла вода во ЈОУДГ "Брешиа" во Дебар.

 

salla-e-sportit-3.jpg salla-e-sportit-1
salla-e-sportit-2 salla-e-sportit-7
salla-e-sportit-4 salla-e-sportit-5
salla-e-sportit-6

 

 

 

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион