Промоција на софтверската апликација

11.11.2015, Струга.  Пред поширок аудиториум, во хотелот Дрим, се одржа промоција на софтверската апликација со која е извршена промоција на инвестициските потенцијали на Југозападниот плански регион. Претставувањето беше извршено од страна на изработувачот- економскиот оператор - ГДИ ГИС Дата од Скопје.

Софтверската апликација базирана на ГИС Платформа е креирана на основа на барањата на општините, а опфаќа околу 100-тина потенцијални локации за инвестирање во Регионот. Сите тие се достапни на мрежата на Интернет, и истовремено до потенцијалните инвеститори, кои online имаат можност да се запознааат со погодностите за инвестирање во деветте општини во ЈЗПР.

Покрај оваа кључна активност, како претходница на проектот, извршена е набавка на ГИС апликациите (ArcGis for Desktop & ArcGis for Server),  истите се поместени на соодветна хардверска опрема, а исто така спроведена е обука на околу 15-тина претставници од Општините со цел успешно учествo во имплементација на предвидените проектни активности.

Софтверската апликација (базирана на реалниот географски простор со сите топографски обележја на Регионот) е повеќекратно значајна, иновативна, алатка која овозможува истакнување на компаративните предности што ги имаат општините и нивно вкомпонирање во развојните тенденции за планирање на просторот. Притоа, напоменуваме дека приоритетно за проектот е ефикасното управување со градежното земјиште (со сите атрибутни карактеристики изразени како бази на податоци)  и  негово ставање во функција на локален економски развој.

Софтверската апликација овозможува со примена на адекватни маркетинг активности да се афирмираат погодностите што на макро ниво ги нуди земјава ( намалени даноци и такси), како и на специфичните особености што ги има односната општина. Нејзината погодност/иновативност се гледа и во фактот што од било која точка во светот, потенцијалниот инвеститор добива не само основни информации за просторот, туку и за одредените локации што се предмет на интерес. Сето тоа го олеснува процесот на нивна селекција/одлучување, и комуникација со задолжените лица во Општините за следење на интересите на инвеститорите.

Prezent_1.jpg Prezent_3
Prezent_2 Prezent_4

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион