Презентација на Законот за градежно земјиште и Законот за просторно и урбанистичко планирање

На 13 Октомври (вторник), 2015 год во х.Арабела во Кичево, се одржа еднодневна обука и презентација на Законот за градежно земјиште и Законот за просторно и урбанистичко планирање, со цел навремено и точно информирање во врска со новите измени во горенаведените закони.

Настанот е организиран во рамки на проектот на Министерство за локална самоуправа "Иновативни решенија за подобрена испорака на локалните услуги" , а е реализиран во заедничка соработка на Центрите за развој на Југозападниот и Полошкиот плански регион, спроведен и финансиран од Програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP).

Од страна на општините беа номинирани претставници од секторите за урбанизам, комунални работи, како и од градежните инспекции.

Настанот, со поздравно обраќање, го отвори директорката на Центарот за развој на Југозападен плански регион, М-р Мирјана Лозаноска.

Г-динот Дарко Грозданоски, од Министерството за транспорт и врски, пред присутните го презентирашеЗаконот за градежно земјиште, додека Весна Андриевска, Маја Лазаревска и Вања Андонова исто така од Министерството за транспорт и врски го презентираaЗаконот за просторно и урбанистичко планирањеи неговите измени.

Презентациите предизвика огромен интерес кај присутните што придонесе да се развијат дискусии со голем број на прашања.

 

MinTransportLigji3 MinTransportLigji-2

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион