Јавно објавување

Наслов: Јавно објавување на Рамката за управување со животната средина и за управување со раселувањето - Проект за локална и регионална конкурентност во туризмот (ПЛРКТ) во Македонија

 

Кабинетот на заменикот на претседателот на владата за економски прашања (КЗПВЕП) го објавува Проектот за локална и регионална конкурентност во туризмот (ПЛРКТ) во Македонија. Проектот ќе биде финансиран со дотација од Европската Унија во рамки на Програмата ИПА II.

Главната цел на овој проект е да се подобри придонесот на туризмот за локалниот економски развој и да се подобри капацитетот на владата и на јавните агенции за поттикнување на растот на туризмот и подобрување на управувањето со дестинациите во Македонија.

Рамката за управување со животната средина (РУЖС) и Рамката за управување со раселувањето (РУР) за проектот се продуцирани како дел од условите на Светска банка за заштитните механизми за осигурување на усогласеноста на проектот со националните еколошки и социјални политики и политиките на банката со цел минимизирање на целокупните еколошки и социјални ризици.

Документот се објавува како дел од процесот за оценка на проектот, на интернет страниците на КЗПВЕП и на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од 19 октомври 2015 година до 2 ноември 2015 година. Печатени верзии ќе бидат достапни за преглед во приемните одделенија на погоре споменатите институции. Документот е достапен на англиски јазик, а ќе следат и верзии на македонски и на албански јазик.

Коментари, предлози и прашања на заинтересираните лица се добредојдени и можат да се испратат електронски или по пошта до 2 ноември 2015 година на следните адреси:

-        По пошта: Кабинет на заменикот на претседателот на владата на Република Македонија, бул. Илинден бр. 2, 1000 Скопје, Република Македонија

-        По електронска пошта: Maja.Barik@gs.gov.mk

Јавна презентација на документот ќе се одржи во петок, 30 октомври во 11 часот во зградата на владата во Скопје.

Ќе бидат обезбедени повратни информации за сите коментари и прашања и тие ќе бидат внесени во записникот од јавната расправа

 

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион