Презентација на СФС проекти

Центрите за развој од осумте плански региони од државата, на ден 14.10.2015г, во организација на Германското друштво за техничка соработка - ГИЗ Ред Програма и Швајцарската агенција за развој и соработка, пред бројни претставници на меѓународната заедница ги презентираа прифатените регионални проекти во рамките на Шемата за финансиска поддршка. Одобрени се вкупно 10 проекти, и тоа 8 проекти за мерка 1 - Регионални проекти за развој на регионите, и 2 проекти од мерка 2 - меѓу регионални проекти. Вкупно за развој на проектите беа издвоени 300.000 евра, односно поединечно по 30.000 евра за секој проект, додека буџетот на имплементација на сите проекти е 38 милиони Евра. Основната намера на организаторите беше, преку презентацијата, да се анимираат меѓународните донатори со цел да се пристапи кон конкретна изведба на некои од горливите проблеми со кои се соочуваат регионите во Македонија.

Што се однесува до Југозападниот плански регион, како што веќе и е познато на јавноста, се одобри еден проект од мерка 1 (регионален проект) и тоа за Основен проект за пешачки и велосипедски патеки долж Охридското езеро и реката Црн Дрим. Имено, целта на проектот, беше да се изградат пешачки и велосипедски патеки во Југозападниот плански регион во должина од 42,5 км. Пешачките и велосипедските патеки ќе почнат од градот Охрид до градот Струга (12км), потоа од ХЕЦ Шпиље до градот Дебар (5 км), од градот Дебар до Бањиште (5 км), од Центар Жупа до Дебарски Остров (5 км), од градот Дебар до Долно Косоврасти (7,5 км) и од Центар Жупа до Мелнички Мост (8 км).

Вчерашната средба во Скопје ја поздравија и оценија како значајна во напорите што ги прават Центрите за развој во надминување на проблемите на Регионите,  вицепремиерот во Владата на Македонија, Владимир Пешевски, министерот за локална самоуправа Лирим Шабани, Раководителот на одделот за соработка на Делегација на ЕУ Мартин Клауке, заменик-амбасадорот на германската амбасада во Македонија Ханс Хегле Зандер, и директорот на ГИЗ Џејмс Макбет Форбс.

 

SFS-Prezantim-01.jpg SFS-Prezantim-04
SFS-Prezantim-03 SFS-Prezantim-05
SFS-Prezantim-02

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион