Обука за Географски информациски систем

Во рамките на проектот за развивање на Географски информациски систем  за управување со градежното земјиште со цел привлекување на инвестиции во Југозападниот плански регион, од 30 септември до 02 октомври, се одржа обука на која претставниците на општините имаа можност да се запознаат со софтверските апликации Арк Гис за клиентски и серверски решенија на производителот ЕСРИ. Обуката ја изведоа претставници на операторот - ГДИ Гис Дата од Скопје, кои, учесниците, покрај со софтверските решенија на споменатите апликации, ги запознаа и со актуелните трендови во креирањето различни бази на податоци, кои значајно можат да го променат работењето на Општините.

Во оваа насока е една од компонентите на проектот која подразбира креирање база на податоци за деветте општини од Регионот за атрактивното градежно земјиште со кое тие располагаат,а со цел истото да биде презентирано и промовирано на глобалната интернет мрежа. Според утврдената шема  сите атрактивни локации ќе имаат унифицирана атрибутна презентација што во значителна мерка ќе им олесни на инвеститорите да добијат сознанија за можностите за инвестирање во Регионот. Исто така, треба да се напомене дека базите на податоци, покрај потенцијалите со кои располагаат општините, ќе ги опфатат ТИР зоните, туристичките развојни зони и Brownfields можностите за инвестирање.

Центарот за развој на Југозападниот плански регион преку проектот ги набави  ЕСРИ продуктите - Арк Гис за клиентско и серверско работење кои ќе можат да бидат користени од страна на општините за развивање на најразлични бази на податоци,а исто така набавена и е хардверска опрема на која истите се инсталирани и на кои наскоро ќе биде поместена презентациската апликација за атрактивните градежни локации во Регионот.

 

 

trajnim-GIS-2.jpg trajnim-GIS-3
trajnim-GIS-1 trajnim-GIS-4

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион