Петта работилница со бизнис заедницата

На 10 јуни о.г, во хотелот Дрим, во Струга се одржа петтата работилница во рамки на проектот: "Формирање на Бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за малите и средни претпријатија во Југозападниот плански регион". Работилницата ја отвори раководителот на Центарот за развој на Југозападниот плански регион,г-ѓа Мирјана Лозаноска, со краток преглед на  досегашните активности во рамки на проектот.

На работилницата беше претставена работната верзија на Водичот за инвестиции во Југозападниот плански регион. Презентацијана овој документ имаше Александар Целески, претставник од економскиот операторТаргет Комуникации. Во истата беа опфатени општите карактеристики на Регионот, како и фактичката состојба по општини, односно податоците за индустриските зони.Податоците се добиени од страна на општините, односно секторот за локален економски развој и урбанизам. Презентацијата  беше интерактивна, со активно вклучување на учесниците кои со своите предлози, коментари, сугестии и идеи придонесoa за оформување на финалниот документ. Документот е особено значаен бидејќи треба да го подобри пристапот до информации за потенцијалните инвеститори, бизнис заедницата, општините и останатите засегнати страни, што од своја страна ќе овозможи повисок степен на успешно реализирани инвестиции во регионот.

На петтата работилница свое учество зедоа сопственици и управители на МСП од регионот, претставници од општините одговорни за локален економски развој, секторот за урбанизам и регионалните стопански комори и комората за занаетчии.

Проектот е финансиран од Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите Нации.

BQ-punetoria-e-5-1 BQ-punetoria-e-5-2
BQ-punetoria-e-5-3 BQ-punetoria-e-5-4

 

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион