Четврта работилница со бизнис секторот

На 22 мај о.г, во регионалната канцеларија на Стопанската комора во Кичево се одржа четвртата работилница во рамки на проектот: "Формирање на Бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за малите и средни претпријатија во Југозападниот плански регион".Работилницата ја отворија раководителот на Центарот за развој на Југозападниот плански регион,г-ѓа Мирјана Лозаноска, и претседателот на регионалната комора на Кичево, г-дин Игор Соколeски.Раководителот на Центарот во своето обраќањеги информираше присутните за одобрениот проект со посебен осврт на Програмата за развој на МСП заедно со Предлог-Акцискиот план и Комуникациската стратегија.

На работилницата беа презентирани можностите за финансирање на приватниот сектор преку Програмата на Европската Унија - Хоризон 2020.Главна цел беше да се подигне информираноста на бизнис секторот за постоење на различни извори на финансирање, предностите од нивното користење, подетално информирање во врска со процедурите за аплицирање, но исто така и да се споделат искуствата и добрите практики.Презентација на оваа тема имаше проф. д-р Мијалче Санта, национално контакт лице за програмата. Првиот дел од неговата презентација го опфати запознавањето со Програмата Хоризон 2020, а вториот дел продолжи соструктурата на МСП инструментот.Презентацијата  беше интерактивна, така што учесниците имаа можност да постават прашања и да споделат свои видувања.

На четврата работилница свое учество зедоа сопственици и управители на МСП од регионот, претставници од општините одговорни за локален економски развој и регионалните стопански комори. Работилницата беше медиумски покриена од неколку редакции од пишаните и електронските медиуми.

Проектот е финансиран од Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите Нации.

 

DSC_0619 DSC_0626
DSC_0633 DSC_0623

© 2011 - Центар за Развој на Југозападниот плански регион